Бои

Се додека силата
на создавањето е вткаена
во нашите патувања

постои можност
да се просветлиме

носејќи ги до крајот
сo себе сите бои
наречени живот