На својата сесија од 25 февруари,  Светиот Синод на Романската православна црква започна процедура за канонизација на исповедници и мисионери кои пострадале во времето на комунистичкиот режим.

На тој начин Романската црква ќе ја одбележи 140-годишнината од добивањето на автокефалност и 100-годишнината од провозгласувањето за патријаршија. На 9 март, кога во Романија беа прославени и спомнати сите затвореници, жртви на комунизмот, неколку од имињата на духовниците беа и јавно објавени.

Епископ Варлаам, говорејќи пред црковната телевизија Тринитас, соопшти дека имињата на некои од најпознатите духовници во Романија од минатиот век се меѓу оние кои се  предвидени за канонизација. Така, на пример, старецот Клеопа (Илие), о. Димитар Станилоае и старецот Герасим (Иску) треба да бидат прославени сред ликот на светиите.

По зборовите на епископ Варлаам „повеќето од духовниците го исповедуваа Христос во многу тешко време за Црквата“. Епископот рече уште дека вредноста на романскиот народ е христијанската вера и животот во духот на Евангелието.