Синот во тело се облече. Иако е бестелесен, сепак создаде тело за Себе, според нашиот облик.

Се појави како една од овците, но Тој сепак остана Пастир. Беше проценет како слуга, а сепак не го напушти Синовството. Беше носен во утробата на Марија, но сепак ја имаше природата на Својот Отец.

Чекореше по земјата, но истовремено ги исполнуваше и небесата. Се покажа како младенец, без да ја отфрли вечноста од Својата природа.

Во тело се облече, но телото не ја ограничи неслеаноста на Неговото Божество.

Му требаше храна онолку колку што беше човек; но, не престана да го храни сиот свет онолку колку што е Бог.

Се облече во лик на слуга, не нарушувајќи го подобието и едносуштноста со Отецот.

Свети Мелитон Сардски