За да се научиш правилно и безгрешно да зборуваш, претходно треба да се научиш да молчиш.

На едно место во Старечникот прочитав дека бањата колку и да е затоплена, колку и да е топло во неа, ако често се отвора вратата, таа сепак ќе се излади. Да, и малото шишенце со мирис ако често се отвора, и тоа ќе изветрее. Затоа пророкот Давид говори: „Онемев и се смирив, и замолкнав дури и за доброто“ (Пс. 38, 2). Го слушаш ова: „Замолкнав дури и за доброто“. Он претпочитал повеќе да молчи, отколку да говори нешто што навидум е добро, па затоа и му било дадено да рече: „Пламна срцето мое во мене, и во мојата поука се разгоре огнот“ (Пс. 38, 3).

„Разумното молчење е поголемо од доброто зборување“ – вели Калист Катафигиот.

Добро е молчењето со устата, а уште подобро и поголемо е молчењето со умот, и тоа е толку поголемо, колку што е душата над телото. Додека ние сме во телото, тоа треба во сѐ да ѝ помага на душата, а бидејќи е невозможно таа да достигне молчание на умот, или премирна чистота, односно богомислие, претходи молчание на устата, пропратена со расудување. Затоа, и нѐ учи царот и пророкот да се молиме: „Постави, Господи, стража пред устата моја и врата на усните мои“ (Пс. 140, 3).

Старец Зосима (Верховски)