По долгогодишно боледување, денес, на 7 ноември 2022, се упокои и премина кај Господа претстојателот на Православната Црква на Кипар, Архиепископот г. Хризостом II, на 81 годишна возраст.

Архиепископот на Кипар се родил на 10 април 1941 година во Тала, во близина на Пафос, Кипар. Таму завршил Основно училиште и веднаш потоа заминал во манастирот на Свети Неофит, каде по Гимназијата и Факултетот во Атина, стигнал до степен Архимандрит и Игумен на истоимениот манастир. Во 1978 година е избран за Митрополит на Пафос, а во 2006 година станува Архиепископ на древната Црква на островот Кипар.

Вечен и блажен му спомен!