Денеска, 2 февруари 2023 година во својата 92 година пред Бога се претстави митрополитот пергамски Јован Зизиулас. Поради болеста неодамна беше хоспитализиран на Клиника во Атина. Митрополит пергамски Јован е роден на 10 јануари 1931 година.

Студиите ги почнал на Солунскиот универзитет, додека пак богословското образование го стекнал на Универзитетот во Атина во 1955 година. Своите студии ги продолжил на Харвард каде што се стекнал со звање – магистер, а докторирал во Атина во 1965 год.

Цели 14 години бил професор по теологија на Универзитетите во Глазгов и Единбург, а бил независен професор на универзитетите во Женева, Грегоријанскиот универзитет и Кралскиот колеџ во Лондон. Во епископски чин хиротонисан е на 22 јуни 1986 година.