СЕЌАВАЊЕ НА СМРТТА
И мирјанинот, не само монахот, треба непрестајно да се сеќава на смртта и во светлината на тоа сеќавање на смртта да го уредува својот живот. Ете зошто често зборуваме за тоа дека денот неизбежно треба да го започнеме со молитва. Токму тоа треба да претставува залог и темел за вечно спасение.
Кој не се моли и кој не се молел на земјата, тој нема да го види Царството Небесно! Бидејќи ќе бидеме лишени од способноста да се молиме кога ќе се разделуваме од телото.
Пеколните маки или радоста на рајските населби нема да ни дадат способност да се молиме, туку од земјата ќе дојде веста за помилување и помошта.
Извадок од книгата
Старец Сампсон