Трпи и истрпи сè! Секоја тага, секое бреме, секоја навреда и клевета, а најмногу плаши се од очајанието. Тоа е најтешкиот грев.
Постојат два пата. Едниот е патот на самопрекорувањето и кротоста. А другиот, на самооправдувањето и тагата. Првиот е вистинскиот пат на духовноста и покајанието, кој води кон спасение и кроткост. Вториот е патот на гордоста и самооправдувањето. Во тој случај, никој не може да ти помогне – ниту моите молитви, ниту ангелите небесни – туку само милоста Господова. А, ако нешто не е поради Господа, води во пропаст!
Не осврнувај се на искушението или на човековиот пад, ќе мора да се стане, да не се тагува и да се започне од почеток. Неопходен е труд врз труд. Потребна е невидлива борба. Само храбрата борба бива овенчана. Мора да постои битка, но и искрено покајание и цврста надеж.
Вооружи се, започни ја војната и Господ ќе ти даде сè останато.
Еден брат падна во гревот на блудот, по што горко плачеше и со сето свое срце се покаја. Ова се повторило седумпати. Тој се каеше, се бореше, не си дозволуваше да падне во очајание и неговиот грев беше простен. На неговиот старец му било откриено дека заради покајанието и борбата, овој брат бил овенчан со небесните венци.
Заради тоа, пред сè, чувај го мирот во срцето. Сè предај му на Господа, препушти се целосно на Него. Тој е сè и сè е во Него.
Јеросхимонах Михаил Валаамски