Ти си Господ, Кој ги уништува војните.
Скрши ја нивната сила со Твојата моќ, уништи ја со гневот Твој, зашто намислија да го осквернат Твоето светилиште и да се подбијат со мирниот дом каде живее Твоето преславно име, и со железо да го скршат рогот на Твојот жртвеник.
Види ја нивната надуеност и Твојот гнев прати го врз нивните глави, а на мојата вдовична рака дај ѝ сила за да го направам она што сум го наумила.
Со устата на мојата итрина порази го слугата заедно со водачот и водачот заедно со неговиот слуга. Скрши ја нивната гордост со раката на една жена.
Зашто Твојата сила не е во мноштвото, ниту во моќните е Твојата моќ; Ти си Бог на смирените. Ти си помошник на понизните, застапник на немоќните, покровител на паднатите со духот и спасител на очајните.
Боже на мојот отец, Боже на наследството Израилево, Господару на небото и земјата, Создателу на водите, Цару на секое Твое создание! Послушај ја молитвата моја!
Зборот мој и итрината моја, направи ги рана за оние што намислиле стравотии против Твојот завет, против Твојот свет дом, против Сион и против домот на Твоите синови.
Вразуми го сиот Твој народ и секое племе, за да видат дека Ти си Бог, Бог на секоја сила и крепост и дека Израилот нема друг заштитник освен Тебе.
Книга Јудита (гл. 9, 7-14)