Да се познаат своите гревови сè уште не значи дека се каеме за нив. Тагата за направените зли дела, плачот поради гревовите – еве што е најважно во делото на покајанието.  Не треба да се очајува! Во тој случај, сеедно треба да се каеме, каеме, каеме, па колку и да сме ладнокрвни и бесчувствителни, надевајќи се само на Божјата милост. До ладнокрвност и бесчувствителност обично доаѓа кога во срцето нема Страв Божји,поради маловерие или скриено неверие. 

Понекогаш човекот на исповед крие дека не верува во животот по телесната смрт или дека се сомнева во неговото постоење, и поради тоа Господ го казнува со ладнокрвност. Господ како да му зборува на човекот во душата: „Ти не си христијанин, ти си незнабожец. Стани свесен дека немаш вера, покај се и тогаш ќе те утешам, ќе ти ги простам гревовите и испратам радост“. 

Навистина, какви христијани сме ние, ако не веруваме во бесмртноста на душата? Ако не веруваме дека вечно ќе го славиме Господа кога ќе нè удостои со таква милост? Во тој случај, се губи целата смисла на верата во Бога, бидејќи има многу такви христијани незнабошци. Тешко нам! Провери се себеси, да не си и ти можеби таков незнабожец? 

Извадок од книгата 
Господи, очисти ги моите гревови.