Ете, ви ја давам оваа земја. Одете и земете ја во наследство, за која Господ со клетва вети дака ќе им ја даде на вашите татковци – на Авраама, на Исака и на Јакова. Ќе им ја даде ним и на нивното потомство.

И јас ви реков во она време: „Не можам сам да ве водам;

Господ, вашиот Бог, ве умножи, и еве, вие сте сега многубројни како ѕвездите небески:

Господ, Бог на вашите татковци, нека даде да се намножите и илјадапати повеќе отколку што сте сега, и нека ве благослови како што и ви говореше!

Како ќе ги носам самиот вашите страдања, вашите тежини и вашите расправии?

Изберете си од вашите племиња луѓе мудри, разумни и искусни, а јас ќе ви ги поставам за началници.

Вие тогаш ми одговоривте и рековте: Тоа е добро што велиш да го направиме.

И зедов од вас мажи мудри, разумни и искусни, и ги поставив за началници над вас: илјаданачалници, стоначалници, педесетначалници, десетначалници и записничари кај вашите судии.

И им заповедав на вашите судии во тоа време, и реков: Слушајте ги браќата свои и судете справедливо како човек спрема брат, а исто и спрема неговиот придојден;

Во судот не правете разлика меѓу лицата. Слушајте го и малиот, и големиот: не плашете се од лицето човечко, бидејќи судот е Божји; а ако имате дело кое е тешко за вас, обратете се до мене, и јас ќе го ислушам.“

Петта книга Мојсеева (глава 1, 8-17)