На секој благодарствен молебен се чита Евангелие, во кое се зборува за тоа, како Исус Христос исцелил десет лепрозни и за тоа како деветмина од нив не се заблагодариле (Лука 17,11-19).

Чудото кое Господ го направил било најголемото добро за несреќните лепрозни, бидејќи таа болест (лепра) е една од најстрашните и е многу заразна. Од неа луѓето умираат, се распаѓаат во текот на животот, и затоа во старо време лепрозните ги истерувале од градовите и селата, кај нив не смееле да доаѓаат луѓе и да бараат милостина.

И денес несреќните се изолираат во далечни лепрозориуми, во кои остануваат до самата смрт.

Понатаму, исцеление од Господ добиле десет лепрозни, но само еден Самарјанин се вратил кај Исус Христос, Му се поклонил до земја и се заблагодарил со солзи. Внимавајте, тој не бил Евреин, туку Самарјанин од туѓ народ.

И јас, од искуство, со горчина сум уверен во тоа дека, многу луѓе на кои христијанството им е туѓо, се многу поблагодарни за моите исцеленија, отколку Русите и тоа дури и православни.

Но, зарем ние луѓето во денешно време не сме повеќе виновни пред Бога за неблагодарност? Се осудувам да кажам дека во старо време се нашол еден од десет да заблагодари, а во наше време едвај ќе се најде еден од илјада. Тоа е една од нашите тешки духовни болести. Зошто така го натажуваме Господ Исус Христос, Кој за нас ја пролеал Својата Боженствена Крв на Крстот, Кој ни се даде да го вкусиме Неговото Пречисто Тело за наше спасение?

Извадок од книгата
Свети Лука Војно – Јасеницки
Христов лекар и исцелител од
последните времиња