Треба да се има благонаклонет дух кон секој човек, без исклучок. Потребно е како од адски оган да се избегнуваат пороците, какви што се: осудувањето на ближниот, гневот, непријателството, злопамтењето, сомнежот, потсмевот и сличните на нив, зашто, оној кој има вакви гревовни навики, тој е човекоубиец и син на антихристот.
Треба да се знае дека е неизменлив законот на одмаздата, то ест, она што ќе му направиш на ближниот, тоа и на тебе ќе ти се случи – и добро и лошо. Како во мислите некого осудуваш, така ќе биде и со тебе, зашто: „со каков суд судите, со таков и ќе ви биде судено, со каква мерка мерите, со таква и вам ќе ви се мери“- рекол нашиот Господ Бог.
Никого немој да го гледаш продорно во очите, зашто тоа е според светите отци духовна дрскост. Во мислите, секого сметај го за поголем и подобар од себе. Ова треба да се има предвид при средбата и разговорот со другите. Уште пред да се поздравите, поклонете се еден пред друг, „еден на друг повеќе чест да си укажувате“ – како што вели свети апостол Павле.
Старец Кирик Одески