Да, вистина е дека човекот отсекогаш зачудено гледал на совршенството и хармонијата на светот околу него. Сепак и самата структура на човечкиот организам не е помалку достојна за восхит. Човечкиот организам, земено заедно, го надминува по сложеност сè останато.

Да ги земеме за пример количината на информации што човечкиот мозок е во состојба да ги сочува. Се проценува дека е помеѓу 1010 и 1015 бита. При тоа, пониската вредност сугерира дека просечно 1 бит информација е содржана во секоја од 1015 „фиоки“ на човековата меморија. Брзината на работата на човечкиот мозок се проценува на помеѓу 10 и 1.000 гигафлопи. Минималната брзина од 10 гигафлопи се определува само со брзината со која човечкото око ги обработува информациите пред да ги испрати до мозокот, без да се земе предвид остатокот од активноста на човечкиот интелект. За споредба, еден од најмоќните компјутери денес – Cray-2, има брзина од само 1 гигафлоп и капацитет на меморија од 2х1010 бита, што е за 10 до 1.000 пати помалку отколку кај луѓето.

Сепак, можностите на човечкиот мозок се пред сè свесно ограничени од Создателот. За тоа, „попростите“ нешта можат да бидат поточна илустрација – на пример, деловите на дезоксирибонуклеинската киселина (ДНК), содржани во секоја клетка на човечкото тело. Тие носат во себе информации за целиот човечки организам – од врвовите на прстите до корените на косата. Покрај тоа, способноста на ДНК да складира информации е толку ефикасна што сите податоци потребни за опис на сите видови организми што постоеле на нашата планета може да се соберат во една лажичка и сепак ќе остане простор за содржината на сите напишани книги.

За специјалистите кои работат во оваа област на науката, идејата за „автоматска“ еволуција, заснована врз дејства на случајни сили, изгледа просто неприродна.

Олег Петренко