Некој од големите духовници бил прашан:

Како христијаните ќе се удостојат со спасение во последните времиња, кога веќе нема да постојат бојните полиња на отвореното мачеништво, кога исповедниците на Христовата вера веќе нема да бидат набивани на колец, туркани во темници, распнувани на крстови, предавани на зверовите за да бидат растргнати, гмечени со тркала, посипувани со врело масло или калај, фрлани во врели котли, печени на оган? Зашто веќе никој не е во состојба да ги поднесе оние болки и оние подвизи на покајание и чистење на својата душа, како што тоа го правеле подвижниците од првите векови на христијанството, чиишто житија, кои ни се чинат скоро неверојатни, еве дојдоа и до нас.

А одговорот беше:

Тие ќе бидат спасени преку трпење на душевни неволји! И оние кои храбро и со сето трпение ќе ги поднесат тие душевни неволји, ќе се удостојат со пославни венци од оние кои спијат на земја, кои земаат храна еднаш неделно и кои целиот живот стојат на столбовите во молитвен подвиг.

Архимандрит Јован Крестјанкин