Послушанието го доведува човекот не само во телесна бестрасност туку и во духовна.
Погодивте од каде почнува послушанието. Од Троичниот Бог. Христос вели: „Оти слегов од небото не да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Отецот, Кој ме прати“ (Јн. 6,38). Поради тоа оној кој има послушание, постанува подражавач и на Христос.
Се уверив од искуство дека послушанието е поголемо од молитвата.

Пред да побарате нешто од Старецот, подгответе се во мислите. Ако ве услиши кажете : „Нека е благословено“, ако не ве услиши повторно речете : „Нека е благословено“. Немој да се припремате во мислите дека Старецот ќе ве услиши, затоа што ако не ве услиши, ќе се сопнете.
Многупати и ние како Старци можеме да направиме грешка. Тебе кој ќе послушаш, ќе те изведе на добро, нема да те изведе на зло. Послушанието никогаш не излегува на зло затоа што Христос го следиш, послушуваш.

Оној кој извршува послушание кон својот Старец, и Христос го подражава Кој правеше послушание и кон Својот Отец. Тогаш Бог е обврзан да го благослови оној кој Го подражава.
Послушание е тоа да ја истераш својата помисла, себеси, и да го послушаш тоа што ќе ти рече Старецот.

Извадок од книгата
Старец Ефрем Катунакиски