РАСЕАНОСТ
Во еден манастир, не сакам да споменувам кој, свештеникот кадеше. Кога стаса до старешината не го покади. Кога продолжи понатаму старешината го праша:
– Отец, зошто не ме покади?
– Старче, благослови, не те видов во стасидијата.
Останатите кои ја слушнаа расправијата на старешината со свештеникот, рекоа:
– Отец, свештеникот е прозорлив, знае што зборува.
Размислуваше, размислуваше…
– Во право е свештеникот, рече старецот, затоа што не бев овде (во црквата) туку на еден метох.
Гледаш ли што се помислите.
Светиот Нектариј Егински на некоја жена која што била искушеничка ѝ рекол: “Чедо мое, имаме пет до десет овци, води ги на паша”.
– Нека е благословено. Поминале ден – два.
– Старче, ме обзимат помисли. Јас дојдов да бидам калуѓерка, не дојдов да бидам овчарка.
– Чедо мое, кога јадам, јас те гледам тебе во стасидијата.
Калуѓерката, иако била на паша, со мислите била во црквата, нејзините помисли биле во молитвата така што светителот ја видел внатре во црквата.
Извадок од книгата
Старец Ефрем Катунакиски