“Станувајќи од сон при Тебе прибегнувам Благи, и ангелската песна ти ја принесувам Силни: Свет, Свет, Свет” итн, а жабите крекаат…
Старецот на послушникот му вели: Појди до кај жабите и речи им: старецот рече да престанете затоа што ние сакаме да прочитаме служба.
– Нека е благословено, Старче.
Тоа е послушник! Гледаш, не рекол:” Ех, Старче, каде сега ќе разговарам со жабите?”.
– Жаби, слушајте ваму, Старецот рече веднаш да престанете со крекање, затоа што сакаме да прочитаме служба.
А оттаму жабата вели:
– Речи му на Старецот дека и ние завршивме со славењето на Бога и сега одиме да одмориме.
И жабите Го слават Бога. Сета природа со химни Го слави Бога, и спрема својата чистота го слушаме ние ова тајно славење, безгласно славење кое го вознесуваат дури и камењата. Тоа како слава, дали се стихови на велико славословие, не знам, затоа што јас веќе со години не одам горе на служба.
Огнот, градот, снегот, бурата, сѐ е славословие. Гледате! И брдата и горите и морињата и рибите, сите Го слават Бога. Но малкумина од нас го разбираат тоа затоа што сме оцрнети од разумноста на нашата душа. Колку повеќе се очистиш одвнатре, толку и ќе примиш чувство дека ниту една творевина Божја не останува без дела, туку сите Го слават Бога. Кога ќе се прочистиш одвнатре, ќе го согледаш тоа и ќе речеш: Намачен човеку, единствено ти не Го славиш Бога. Сите го слават Бога.
Извадок од книгата
Старец Ефрем Катунакиски