Немој да бидеш горделив! Суетниот човек е работник без плата. Тој усрдно се труди, но не добива награда.

Како што издупчената вреќа не може да го задржи она што во нејзе е оставено, така и горделивоста ги уништува добродетелите. Горделивоста е како чадот кој излегува од печката: и едното и другото се расејуваат во воздухот. Како што ветрот ја брише трагата од човековата стапка, така и горделивоста ги уништува добрите дела, а милостината и молитвата ги претвора во обично ништо.

Кога во срцето ќе ти се појават надмени помисли, и кога ќе почнеш да слушаш славољубиви пофалби – тогаш одговори им со зборовите од псалмот: „Нека отстапат и нека се посрамат оние што ми викаат: „Така! Така!“ (Пс. 69, 3).

Срцето, во кое се наоѓа смирената мудрост, е ризница, која од сите страни е оградена со Божјата благодат. Тоа е ограда каде што „ни молец, ниту ‘рѓата разјадува, и каде што крадци не поткопуваат, ниту крадат“ (Мт. 6, 20). Како што изобилните плодови ја наведнуваат гранката до земја, така и стравот Господов ја смирува добродетелната душа.

Поучувај го умот во Божјиот закон, зашто постојаната поука во него ги искоренува лошите помисли. Секогаш спомнувај си за Бога и Небото ќе стане твојот ум. Радувај се на смирението, зашто преку него се доаѓа до големата височина, од која никако не може да се падне.

Старец Гаврил Зирјанов