Нов начин на молење
се раѓа само кога човекот
застанува на работ.
Како суви крлушки
ги слекува наталожените гревови
и од срцето извлекува желба за лет.
Досега бил риба, отсега ќе е птица.
Се простува со перките
со коишто пловел и од лузните
пушта крилја за да се издигне
над својата беда.
Животот дава шанси,
го менува обликот дури
човекот пребира во себе
по најчистата руба.
Сузана Мицева – Молитвена
