Раздолжување

Кога човекот ќе си замине
останува само тело.
Измиено до гола кожа.
Ќе му ги слечат титулите,дипломите,
ќе му го одземат егото, костимот и
светнатите чевли.
И сиромаштијата и богатството.
Духот сам си оди.