ЗБОРОСМРТ
Зборот е урна,
таи на дното пепел
сѐ што сум согорела во себе.
Воздишките ми ги разлетуваат
остатоците од љубов,
саѓи од болка
и саја и дарина
од венчанијата.
Зборот е длабок понор,
го тресе и ровари тлото,
коњаник во телото без узди јава,
јава па ќе рипне в уста.
Зборот пакосник – сајбија
на мојот ум, нема гајрет
да согори со здивот