“Вие кои во Христа се крстивте во Христа се облековте”
(Гал. 3:27)

Оваа тајна е длабока и прекрасна! Зашто, како што е чудотворнa и животворнa, светата тајна на Светата Причест со Телото и Крвта Христови, во која Тој престојува целосно и преку која ги чисти нашите гревови и на тој начин станува наше просветлување и обожение, така е и Божественото крштевање, што е чудесно и ефикасно за спасение на човештвото што загинува од гревот. Едната тајна помага на другата и двете се неопходни за нашето спасение. О, неискажана мудрост и мистерија Божја, која само верата може да ја прифати и разбере, а не љубопитната и ограничена човечка свест,затемнета од страстите!

Како што нашето создавање од Бога е најголемата мистерија за Божјата добрина, мудрост и семоќност, така и мистеријата за нашето повторно раѓање во крштевањето е мистерија на која човечкиот ум мора со почит да ја наведнува главата. Само бесконечната Божја Мудрост може да смисли и понуди сигурни средства за прочистување и обновување на човечката природа, извалкана од гревот. И само таа може целосно да го врати отуѓениот и пропаднат човек пред Бога. Ниту човечкиот ум, ниту ангелите не можат да најдат такви средства.

Слава на Господ Исус, Кој се крсти во Јордан за нашето спасение и ни даде преродба, обнова, прифаќање од Бога и вечен живот, уништувајќи го нашето поранешно првородно проклетство. Дали сме навистина облечени во Христа? Ајде да се запрашаме и искрено да размислиме за тоа. И ако не сме, тогаш не сме Христови. Зашто апостолот вели:  Ако некој го нема Христовиот Дух, не е од Христа (Рим. 8: 9). Ако човекот не е роден од вода и Дух, тој не може да го види царството Божјо. Амин.

Св.Јован Кронштатски