Од каде е изворот на гревот, оттаму е и бичот на казната. Давид во својот дом вовел туѓа агница, убивајќи го нејзиниот пастир,(затоа) иагнецот од неговиот сопствен дом станал против него. Тој внел раздор во туѓиот дом, (затоа) и во неговиот дом се кренала војна против него. Затоа што го убил Уриј и ја однел неговата жена, против Давид станал неговиот роден син. И денеска мнозина водат војни во своите домови: еден со жена си, друг го напаѓа сина си, еден трпи непријатности од својот брат, друг – од слуги, но никој не се замислува дали во неговиот дом ќе израснеа трња и коров, ако самиот не беше посеал гревови, дали ако самиот не беше ги разгорел гревовните искри, домот негов ќе пламнеше.

Божественото Писмо сведочи дека бедите во нашиот живот се плод на нашите гревови и дека Бог за исполнители на казната на грешниокот ги назначува неговите ближни. Жена ти војува со тебе, те сретнува во входот како разјарен ѕвер, го наострува својот јазик како меч? Жално е што твојата помошничка ти станала противник, но испитај се самиот себе си, да не би во својата младост си замислувал нешто против некоја и сега твојата сопствена жена ја лекува туѓата рана. Жена ти може не го знае тоа, но Бог – Лекувачот, знае. Божественото Писмо сведочи дека лошата жена е бич за нашите гревови. То вели дека зла жена се дава на грешен маж (Сир. 26:3-9).Давид, кој е гонет од својот син Авесалом заради неговата беззаконска врска, сведочи дека напаѓањата од децата исто така сезаради гревовите.

Книгата Судии сведочи дека и браќа војуваат против браќа заради гревовите. Кога брат те напаѓа, немој да сплеткариш против него, туку подобро вгледај се во себе си, за добро да се испиташ заради какви гревови брат ти се претворил во твој непријател. Но што да зборуваме за домашните раздори, кога и нашето сопствено тело кое ни е најблиско и скапо, непријателствува против нас кога грешиме и ни се одмаздува со болести и страдања.

Телото кое робува ја казнува душата која владее кога таа греши, не затоа што тоа (телото) го сака тоа, туку затоа што така му е заповедано. За тоа сведочи Христос, Кој на исцелениот раслабен му вели: „Ете, сега си здрав и не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо!“ (Јован 5:14). И така, кога знаеме дека домашните раздори со роднините и повеќето од заболувањата се должат на нашите гревови, да го истребуваме изворот на злото – гревот.

Св.Јован Златоуст