Угледај се на Бога во сè. Ако Тој сака сите луѓе да се спасат, тогаш е очигледно дека треба за сите и да се молиме, вклучувајќи ги тука и незнабошците. Тоа Му е угодно на Бога, зашто така стануваме слични Нему. Он благонаклоно ја прима нашата молитва и нашата взаемна љубов. Особено е потребно да се молиме за болните, а исто така и за упокоените, кои треба да ги спомнуваме на Светата Литургија, бидејќи тие од таквата молитва имаат голема полза.

Моли се за братот свој кој ти направил зло, зашто сите сме членови на Телото Христово. Моли се и за непријателите. Пред Бога, молитвата за непријателите е поголема, повредна и пополезна од молитвата за пријателите. Таквата молитва Му е мила на Бога и неа Он повеќе ја наградува.

Св. Јован Златоуст