Благодарејќи на тие поуки и откровенија, преподобниот стана познат кај голем број луѓе кои итаат да го чујат и да стекнат полезност. Некои дури го почитуваа како светител.

Така, еден ден, го посети еден брат кој копнееше многу да научи од него. Во еден момент, додека разговараа, тој го запраша:
– Оче, како не се гордееш кога толку многу те почитуваат и фалат?
– Па зар не знаеш како, дете мое?
– Не оче. Да знам, не би ја прашал твојата светост.
– Е, тогаш, слушни: два, три или четири пати на ден се потсетувам на гревовите што ги направив за време на своето отпадништво. И колку повеќе размислувам, толку повеќе ми се кине душата, бидејќи не успевам да најдам нешто угодно да сум направил на Бога.
А кога повторно ќе слушнам некоја пофалба на своја сметка, се презирам и себе и пофалбата.
Ти, на пример, ме пофалуваш двапати – три неделно. Но јас, од друга страна, непрестано се исмејувам и понижувам себеси и се гнасам од себе како шугаво куче, црвливо и смрдливо. Ете зошто не се гордеам.

Извадок од книгата
Свети Нифонт, подвижник меѓу епископите.