Запомни го душо моја страшното чудо: дека твојот Создател за твое добро стана човек и посака да страда за ти да се спасиш. Неговите Ангели треперат, Херувимите се преплашени, Серафимите се стаписани и сите небески воинства без престан Го фалат Бога, а ти, несреќна душо, остануваш мрзелива.

Моја љубена душо, барем отсега па натаму стани и не одложувај го светото покајание, скрушеноста на срцето и покорноста за твоите гревови.

Св. Паисиј Величковски