Ако на некои им изгледате побожно, не верувајте сè додека сте внатре во телото, ниту пак мисли дека во нешто си му угодил на Бога. Знајте дека не е лесно човек целосно да се заштити од грев.

… никому не треба да му се суди, ниту да се каже: „Лош е тој човек, кој згрешил“. Подобро е

да го барате злото во себе и да размислувате за сопствениот начин на живот, прашувајќи се дали е пријатен за Бога. Што ни е нас грижа дали некој друг е злобен?

… побожниот човек не обвинува никого за она за што самиот греши.

Немојте никого да прекорувате за неговите слабости.

Немој да си славољубив и не го задржуваш самофалењето во своето срце кое зборува: „Јас го направив тоа и тоа. Во тоа и тоа напредував“. Таквите мисли дишат со суета. Кој е исполнет со нив, станува живеалиште на нечисти духови.

Колку што самовозвишувањето е погубно, самопрекорувањето е, напротив, спасоносно. Тоа може да се види од примерот на чевларот, за кој свети Антониј имал видение. Свети Антониј се молеле во својата ќелија кога слушнал глас кој му зборувал: „Антониј ти уште не си стигнал до степенот на чевларот од Александрија“. Свети Антониј отишол во Александрија, го нашол чевларот и го убедил да му открие што е тоа посебно во неговиот живот. Овој рекол: „Јас не знам дека некогаш во животот сум направил нешто добро. Станувајќи наутро од постела и пред да одам да работам, јас си велам на себеси: „Сите во овој град од мал до голем ќе влезат во Царството Божјо за своите добри дела, единствено јас ќе бидам осуден на вечни маки поради моите гревови“. Тоа истото со искрено срце си го повторувам и навечер пред да легнам да спијам“. Кога го слушна тоа, Свети Антониј сфатил дека навистина не достигнал до тој степен

Така ние по Божјо устројство, добиваме покривало, за да не си ги видиме добрите дела и да не би, фалејќи се со нив, го уништиме и изгубиме плодот на сите наши напори. Тоа се случува кога сме предадени на нападите од нашите грешни помисли, а за чие присуство ние секако ќе се осудуваме самите себе. Во тој случај, помислата за нашето добро нема место. Според тоа, нашето мало добро се покрива и се станува невидливо покрај грешните помисли.

Треба и да се смириме затоа што сме мрзливи и паѓаме во Богозаборав.