Во време на молитвата ние можеме да запазиме трезвено внимание, ако помниме со Кого разговараме – ако си преставиме,дека принесуваме жртва,дека имаме нож во рака, и пред нас оган и дрва, тогаш мислено да ги отвориме дверите на небото, да се внесеме таму, и откако ќе земаме духовен нож, да го прободеме духовното животно, да Му принесеме на Бога трезвено внимание и да пролееме пред Него топли солзи….Зошто, тоа е крвта на таа жртва, со такво заколение треба да се обагари тој жртвеник. Внимавај, да не дозволиш никаква мисла да се занимава во тоа време со твојата душа… Спомни си дека и Авраам при своето жртвопринесување не дозволи да има ни жена, ни слуги, ни некој друг – така и ти, не оставај при себеси никаква страст, својствена на робовите, туку сам искачи се на планината. Ако пак, некои од недостојните помисли прават усилби да дојдат со тебе на планината, закани им се како нивни господар и кажи им ,, Останете вие овде со ослето, а јас и детето ќе одиме онаму,па, откога ќе се помолиме, ќе се вратиме кај вас,, ( 1.Мојсеј, 22.5 )
Сето , што е бесловесно и неразумно – и ослето, и слугите, сето, што е срамно и незаконско – остави го во подножјето на планината, качи се горе, откако ќе го земеш со себе, само разумното, како што Авраам го зел само Исак ….

И ти како него, направи жртвеник, откако ќе се откажеш од сето земно и откако ќе се поставиш повисоко од твојата природа, зашто и Авраам, ако не беше се издигнал над својата природа, не би посегнал да го заколе својот син како жртва на Бога !
Најпосле, ништо нека не те вознемирува во тоа време – биди повисоко од самото небо,принеси срдечен плач и искрена воздишка, наместо телесна жртва, за исповедување на гревовите, зашто е речено ,, Спомни Ме, ќе се судиме, говори, за да се оправдаш ( Иса. 43,26 ) Принеси за жртва покаено срце и смирен дух – тие жртви не се претвораат во пепел, не исчезнуваат во чад, немаат потреба од дрва и оган, туку само од срце покаено и дух смирен!

Тие горат , но не догоруваат, зашто , кој се моли со пламено усрдие, тој гори, но не догорува, се уподобува на златото, кое прочистњено од огинот, постанува почисто и поблескаво…Над сето ова, биди внимателен, и затоа , да не дозволиш во молитвата да кажеш нешто, што може да Го разгневи твојот Господ, особено, пак, не пристапувај кон Него со молитва за погибел на твоите непријатели !
Да се молиме усрдно и чесно, искрено и срдечно – со молитвата да го пронајдеме пристапот кон Бога, со неа дише душата, таа го засладува животот, таа ги намалува страданијата, таа ги збратимува народите – таа е пат кон вечноста !

Извадок од книгата
Духовни Бисери од Светите Отци