Благодатта на кумот

Еднаш, додека преподобниот отец тихуваше во својата келија, му дојде во посета еден царски офицер.
– Те молам оче, помогни ми – му рече, очигледно нажален. – Дојдов да ја прашам нешто твојата светост, надевајќи се дека ќе има полза и ќе најдам мир, бидејќи ме вознемири една помисла.

Светителот не дочекал да му ја открие својата помисла.
– Сатаната те измамил – веднаш му одговори. – Ти се потсмевна,велејќи дека наводно нема да имаш награда од Бога за сите деца
што си ги крстил. Те лаже!

Блажен е оној кој крштева души и ги воведува во Црквата и во Царството Христово. „Кој ве прима вас, ме прима Мене“, говори
Господ во Евангелието. „А еднаш зеде едно дете и го постави пред Себе, па им рече: Кој го прима ова дете во Мое име, Мене ме
прима; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме пратил“. Кој е тогаш поблажен од тебе кој го примаш Христа заедно со
младенците, а со Христа, Неговиот Отец? Има ли нешто повозвишено и посвето од тоа?

Затоа оди, дете мое, и продолжи да го правиш тоа добро дело. Бидејќи младенците на кои им стануваш кум за светото крштение ќе
одат пред твојата душа кога таа ќе се вознесува на небесата. Голема е таа чест за тебе, а пораз е на небесните лукави духови!
Ангелите ќе држат онолку светилки колку што си крстил деца, ќе те доведат до Божјиот престол, а оттаму на местото на вечното блаженство. Ќе ти укажат почести на ист начин на кој си го примил Христа и си Му укажал почит во ликот на децата.

Бањата е како друга Дева која го држи Исус во својата прегратка. Биди и ти како Богопримецот Симеон и примај го Него во секој
младенец што го крштеваш.

Човекот остана поразен од тоа што го слушна од преподобниот. Навистина, не можеше да поверува на сопствените уши – пред да ја
каже својата помисла, отецот му ја откри, бидејќи ја позна во својот прозорлив дар.

Извадок од книгата
„Свети Нифонт – Подвижник меѓу епископите“