Еднаш, додека поминувал покрај некоја куќа, преподобниот отец низ отворениот прозорец видел домаќин како седи на трпеза и јаде со своето семејство. Изгледале многу сиромашно, но тој забележал како покрај секој член на семејството стои по едно убаво момче, облечено во бело.

Што ли е ова сега? – се запрашал во себе изненаден. Овие луѓе што седат се сиромашни. Колку сиромашни? Јад и беда. А тие што стојат се нивни слижители, носат блескава облека!

Недоумицата му ја разрешил Господ, објаснувајќи му ја необичната глетка. Тие момчиња биле ангели. Нив Бог ги испраќа да стојат покрај христијаните за време на ручекот. Ако додека јадат водат корисни и скрушени разговори, ангелите се радуваат и се веселат во нив. А ако на трпезата слушнат срамни зборови или осудување, веднаш, како што чадот ги  разбркува пчелите така и злата беседа ги истерува Божјите ангели. И штом си заминуваат светите ангели, доаѓа еден мрачен демон меѓу брбливците и сквернословците на трпезата, сеејќи околу нив чад и смрдеа.

Значи, од зборовите и разговорот на христијаните на трпезата зависи и присуството на ангелите на светлината, или духовите на темнината. 

Извадок од книгата: 

„Свети Нифонт – Подвижник меѓу епископите“