III

Кој е монахот и која е неговата
дејност, а и за тоа на каква висина на
созерцанието самиот тој бил воздигнат.

Монах е тој што несмешан е со светот,
та везден со Единиот Бог беседи,
зерцајќи, зерцан и љубејќи, возљубен,
станува светлост, неискажно озарен.
5 Прославен дума кај поскоро беднее
и придомен ко странец се однесува.
О необично сосем и неизречно чудо!
Од безмерно ли благо скуден бидувам,
и немајќи ништо, чинам сум преимашен,
10 па велам: Жеднеам при претек од вода
и кој ќе ми го даде она во што сум богат,
кај да Го најдам Тој што везден Го гледам?
Како да здржам тоа што е во мене,
кое и вон светот воопшто не се гледа?
15 Кој има уши да чуе, нека чуе,
правилно разбирајќи зборој на неук!