Оние кои се подготвуваа да станат музичари знаат дека уметноста ја бара целата личност.
Кога бев сликар, ако спиев без соништа, тогаш наутро не знаев што да правам затоа што требаше да продолжам да сликам дури и за време на спиењето.
А кога работам навечер и во сон, наутро станувам и почнувам со нова енергија и го сликам она што ми треба.
Така, многупати реков дека е добро човек да има уметничка душа за секогаш да сме полни со животна инспирација: можеме да страдаме, можеби ни недостасува сила, но инспирацијата, како некаква река на енергија, постојано тече.
И тогаш нашиот живот не познава мрзеливост [acedia].
Значи, сите вие треба да бидете уметници во вашиот [духовен] живот и да ја чувате својата инспирација, бидејќи во целото создание нема ништо поголемо од Христос и Неговото учење!
Сè друго со што се гордее човештвото избледува во споредба со она што ни го дал Христос.