За секого од нас полесно е да се интересира за туѓото, отколку да се загледа во сопственото. За да не се случува тоа со нас, речено е: престани усрдно да ги набљудуваш пороците на другите, не давај работа на својот разум во испитување на туѓи слабости, но запри на себеси, т.е заврти го своето душевно око за лично испитување на самиот себеси.

Проникни во себеси, спознај се, и не се запирај над смртното како на вечно, ниту пак презирај го вечното како времено.
Не се вовлекувај во плотта зашто таа е гнилежна, грижи се за душата зашто е бесмртно суштество.

Со секакво усрдие проникнувај сам во себеси за да умееш да го дадеш полезното на едната и на другата страна: на плотта – прехрана и покривка; на душата – догмите на благочестието, вежбање во добродетелите, поправање од страсти.

Свети Василиј Велики

Извадок од книгата
Духовни бисери на Светите отци