Tag: молитва

Ако моето место во црквата е празно, нема ли да остане празно и местото кое Бог го подготви за мене на Небесата­?

Верникот може да се моли и од дома и има голема должност да го прави тоа. Молитвата, дали е од дома или од црква, е продуховена од истиот Дух, но сепак има некои разлики во нијансите. Во црквата има повеќе луѓе и молејќи се заедно, молитвата станува посилна, попламена, пожива и благодарение на тоа се издигнува побргу до Бог.

Прочитај повеќе

Св. Јован Златоуст

Угледај се на Бога во сè. Ако Тој сака сите луѓе да се спасат, тогаш е очигледно дека треба за сите и да се молиме, вклучувајќи ги тука и незнабошците.

Прочитај повеќе

Свети Серафим Саровски

Принудувај се себеси на постојана молитва. Моли Му се на Господа да ти подари простота и незлобивост и да ти ги одземе лукавството, себељубието и демонската злоба, зашто овие страсти го уништуваат сиот духовен плод, во оние, што кон нив се наклонети.

Прочитај повеќе
Loading