Крај реките вавилонски – таму седевме и плачевме кога ќе се сетевме на Сион;

на врбите, среде Вавилон, ги закачивме нашите харфи.

Зашто таму, оние што нè заробија и одведоа, побараа од нас радосна песна, велејќи ни: „Пејте ни од песните сионски!“

Како да запееме на туѓа земја песна Господова?

Ако Те заборавам тебе, Ерусалиме – нека ме заборави мојата десница,

ако не те помнам Ерусалиме и ако не те поставам над секоја моја радост, нека се залепи јазикот мој за непцето мое.

Во денот на Ерусалим, сети се Господи на синовите Едомови кога тие говореа: „Разрушете, разрушете го до темелите негови!“

Ќерко вавилонска – пустителке! Блажен е оној, што ќе ти врати за делото што ни го направи!

Блажен е оној што ќе ги зграби и ќе ги разбие од камен децата твои.

Псалм 136