Некој безбожник имал многу паметен син, којшто бил голем миленик на татка си. Додека мајка му уште од мал му ја пренесувала верата во душата, татко му сакал неговиот син да биде атеист (безбожник), како што бил и тој. Момчето тешко се разболело и болеста, и покрај напорите на лекарите, заземала се поголем замав.
Гледајки дека му се приближува крајот, момчето го повикало кај себе татка си и го прашало дали да верува во она на што го учела мајка му, или во она што тој му го зборувал. Гушејќи се во солзи, татко му му одговорил да верува во она што му го зборувала мајка му, бидејќи тоа е посигурно од она што тој му го кажувал.
Навистина, најдобро е човек да верува во бесмртноста на душата и во задгробниот живот, отколку да го негира тоа. Бидејќи ако душата е навистина бесмртна и продолжува да живее и по телесната смрт, како што нѐ уверува Бог во Неговото откровение, тогаш оние кои не веруваат ќе доживеат горко разочарување, кога со душата ќе се преселат од овој свет во другиот, вечниот.
Извадок од книгата
Најдобриот воспитувач
Живан Маринковиќ