Секој што е способен да благодари е достоен за спасение и вечна радост.
Ти благодариме, Господи, што си благоволил да ја примиш оваа служба, Евхаристијата, која ја принесуваме на Света Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух, и која ги исполнува нашите срца со правда, мир и радост во Светиот Дух (Рим. 14, 17).
Ти благодариме, Господи, што нам ни се откри и ни го даде предвкусот на Твоето Царство.
Ти благодариме, Господи, што си нè соединил еден со друг, за Тебе да Ти служиме и на Твојата Света Црква.
Ти благодариме, Господи, што си ни помогнал да ги надминеме сите тешкотии, притисоци, страсти и искушенија, воспоставувајќи меѓу нас мир, взаемна љубов и радост во заедницата на Светиот Дух.
Ти благодариме, Господи, за страданијата што ни се испратени, зашто тие нè чистат од себичноста и ни напомнуваат за „единственото потребно“, за Твоето вечно Царство.
Ти благодариме, Господи, што ни ја даде оваа земја, каде што можеме слободно Тебе да Ти служиме.
Ти благодариме, Господи, за ова училиште, каде што се возвестува Божјото име.
Ти благодариме, Господи, за нашите семејства: за мажите, жените, особено за децата, кои нè учат како да Го славиме Твоето име во радост, при движење и во света врева.
Ти благодариме, Господи, за сите и за сè. Велик си Ти, Господи, и чудесни се Твоите дела и ниеден збор не е достоен да ги воспее Твоите чудеса!
Господи, добро ни е да бидеме овде.
Протоереј Александар Шмеман