Ѓаволот остана засрамен: бидејќи, откако го подигна целото создание против мачениците, тогаш виде дека сè е победено од нивната храброст: и олујната ноќ, и студот на земјата, и сезонската изложеност на телата.

Свети личности! Свет одред! Непоколеблив полк! Општи чувари на човечкиот род! Наши добри соучесници во грижите, придружници во молитвата, најмоќни посредници, светила на вселената, мирислив цвет на црквите!

Земјата не можеше да ве покрие, вас небото ве пречека; портите на рајот беа отворени – торжество достојно за ангелите, за патријарсите, за пророците и праведниците. Како храбри мажи во самиот цут на младоста, го презревте животот и го засакавте Господа, повеќе од своите родители, повеќе од своите деца!

Иако биле во својата полна животна сила, тие со ништо не се приклониле кон овој привремен живот, а одбрале да Го слават Бога во своите тела. Нивниот подвиг ги поттикнува паднатите, ги укрепува колебливите, ја расне ревноста на благочестивите.

Сите заедно и еднодушно, откако го подигнаа победоносниот споменик на побожноста, беа украсени со венецот на правдата, и сето тоа во името на Исуса Христа, нашиот Господ, Кому е слава и сила во вечни векови, Амин!

Свети Василиј Велики