Старец Јустин Парву

„Нашиот живот е во Божја рака!“

 

Драги мои!

Не велам дека сега или подоцна ќе започне или нема да започне прогонството, бидејќи, всушност, христијанинот секогаш треба да биде подготвен за својот крај. Но, кога Бог ќе  покаже јасни знаци, преку кои нè известува за некако да нè подготви, а ние не ги земаме предвид, тоа значи дека сме достигнале до лудилото на страстите во кои веќе не можеме да разликуваме што е добро, а што е лошо. Слепилото од страстите што ја имат обземено оваа генерација е толку големо што дури и да видат бомбашки напади под нивниот нос, повторно нема да се присетат на самите себе и да се покајат. Затоа што Господ ги затвори нивните очи, за да не можат да гледаат, и нивните уши за да не слушаат. Сето тоа е така, заради нивната навика во страстите. Се сеќавам дека и во мое време, за време на Втората светска војна, бевме на фронтот и се боревме лице в лице со непријателот соочувајќи се со смртта, а зад нас, на еден километар, се забавуваа до лудило. Селанецот, со шише ракија, умираше под креветот. Офицерите, заедно со земјоделците, војската и војниците, сите настојуваа во забавата, а малкумина беа оние кои размислуваа за своите души, за тоа, како да се покајат барем во единаесеттиот час.