Некој човек спечалил три гроша и отишол во меана за да се нахрани. Тогаш здогледал дека сите наоколу зборуваат, а само еден молчи. Кога прашал зошто тој човек молчи, му одговориле дека неговите зборови вредат злато. Па затоа си рекол. Имам три гроша, па ќе му платам за да ми каже нешто мудро.
За првиот грош старецот му рекол: „Никогаш не суди“.
За вториот: „Никогаш не лажи“.
А за третиот: „Утрото е попаметено од вечерта“.
Одејќи по патот, сретнал некоја принцеза која со себе влечела некое млитаво магаре. Веднаш му дошло да го осуди магарето, бидејќи не можел да прифати дека една убава принцеза може токму него да го избере, ама се сетил на зборовите од старецот и не осудил.
Всушност тоа било некој принц, кој намерно се престорил во магаре сакајќи да види какви се неговите луѓе.
Бидејќи не го осудил, принцот му дал една торба злато.
Потоа, по патот го сретнале разбојници и го прашале што носи во торбата. Тој се сетил на втората поука од старецот и не ги излажал, туку им рекол дека носи злато. Тие веднаш почнале да му се потсмеваат. Како може некој што е толку парталав со себе да носи торба злато. Се разбира не му поверувале, па затоа и го пуштиле.
Вечерта кога стигнал дома ја видел силуетата на жена си во друштво на некој маж. Му дошле секакви лоши помисли, но се сетил и за третата поука дека утрото е попаметно од вечерта, па затоа не рекол ништо и си легнал. Утредента кога станал, ја прашал жена си кој бил човекот покрај неа и таа му рекла дека тоа бил нејзиниот брат кому му ја подавала пушката, за да ги одбрани од разбојниците. Така, целиот случај на крајот завршил среќно за сите.