Секој човек на земјата, кога прави зло, го изобличува совеста, која му говори: „Зошто го направи тоа? Совеста е првиот закон, даден на човекот од Бога, и тој се нарекува закон на совеста или природен закон“.

Вториот закон, како што објаснува свети Григориј Ниски, секогаш се наоѓа пред нашите очи и постојано звучи, слично на труба, од небесните височини, укажувајќи ни на Бога, Кој е закон на созданието.

Кој е создател на небото, земјата и на сè околу нас? Месечината, тревата, цвеќињата, рибите, морето, реките, воздухот, камењата, дрвата, горите и сите животни кои се движат по земјата, воздухот и водата? Браќа, кој е создателот на сето тоа? Кој ги создал часовите во вселената, кои се движат со голема точност и ништо не може да се спореди со нив? Никој друг, освен Единиот Бог. Бог е Оној, Кој управува со овој свет!

Тој закон на созданието е она, за кое говори пророк Давид: „Небесата ја објавуваат славата на Бога, а за делата на рацете Негови известува сводот небесен“ (Псал. 18, 1). Како ја објавуваат? Според својата структура и извонредно растојание; меѓуѕвездениот простор, чие растојание е – милијарди светлосни години; движењето со голема точност на небесните ѕвезди, зодијакот и планетите, ги восхитува умовите на најголемите астрономи во светот.

Што кажал големиот англиски физичар Исак Њутон, кој триесет години бил астроном, и кој на крајот го открил законот за гравитацијата, дека секоја планета го привлекува својот најмал сателит, не дозволувајќи му ни да се оддели, ни да се сруши или да се движи случајно во светот на небесните ѕвезди? Тој го оставил својот прибор на маса и рекол: „Велик си Ти Господи, и чудесни се твоите дела, и никој збор не е доволен, за да ги искаже твоите чудеса!“

Гледаш? Он, знаејќи ја надворешната наука, се доближил до стравот Божји, откривајќи ги големите чудеса во ѕвезденото небо. Што рекле Кеплер, Исак Њутон и другите, кои немам време сега да ги спомнувам, кога се обратиле кон Бога, гледајќи, дека Божјото создание на постои само по себе, туку дека има некој центар кој го движи со таква точност, која е способна да го порази секој ум?

И така, вториот закон, кои сите го имаме пред очи, – е законот на созданието. Бидејќи преку природното созерцание, ние се подигаме од разумната основа на нештата кон нивниот Создател.

Ако видиш кораб, тогаш треба да знаеш, дека истиот има свој творец кој го изградил; ако видиш убава облека на некој човек, тогаш знај дека истата ја создал добар кројач. Ако видиш дворец со убава архитектонска структура, тогаш знај дека истиот го изградил мудар архитект. Ако видиш часовник, тогаш, несомнено знај дека постои и искусен часовничар, кој истиот го направил. Што и да видиш, ти не можеш да речеш, дека истото произлегло само од себе.

И така, сето ова нам ни укажува на тоа, дека постои Творец, а ако Он постои, тогаш ние треба да се плашиме од Него и да му се покоруваме, за Он да не нè казни со Својата справедливост.

Старец Клеопа Илие