Човек без вера – кораб без компас. Она што е компасот за коработ, тоа е верата за човекот во овој живот. Како што коработ без компас не може силно да плови кон саканото пристаниште, така и човекот без вера не може да го достигне тивкото пристаниште на спасението.
Тоа е јасно од оние зборови Господови: “Кој поверува и се крсти, ќе биде спасен, а кој не поверува, ќе биде осуден” (Марко 16.16).
Верата како компас го води човекот на патот на спасението и му обезбедува мирен, спокоен и среќен живот.
Губењето на верата – најголемата несреќа на човекот. Кој ќе ја изгуби верата, тој ќе го прекине јажето кое го поврзуваало со неговиот Создател и ги пружи обете раце кон сатаната. Го отфрлил бродот на спасението и се предал на милост на морските бури и бранови каде што го чека сигурна погибел.
Извадок од книгата
Најдобриот воспитувач