Само оној што верува, според Светото евангелие, со својот добар дејствителен живот, искорнувајќи ја од себе својата дотогашна приврзаност кон непостојаните и изменливи земни работи, ќе може да ја помрдне планината на гревот (Матеј 17, 19).

Оној што можел да стане ученик, тој ќе прима од духовниот леб што е прекршен од рацете на Спасителот и ќе може да насити илјадници, покажувајќи ја преку своите дела размножувачката сила Христова (сп. Матеј 15, 32).

Кога се удостоија да станат Негови апостоли Он „им даде власт над нечистите духови, за нив да ги изгонуваат, и да лекуваат секаква болест и секаква немоќ“ (Матеј 10, 1).

Да се истеруваат бесови, значи да се прогонува дејството на страстите. Да се лекува болести, значи да се издигнуваат кон побожно расположение оние што биле лишени од неа. Да се лекуваат немоќи, значи да се поттикнуваат слабите од мрзливоста и да се поткрепуваат со зборовите за Страшниот суд.

Оној што добил власт да настапува на змии и скорпии (Лука 10, 19), тој го уништува и почетокот и крајот на гревот.

Се разбира, секој што верува може да биде апостол и ученик. Ученикот не секогаш е апостол, но тој секогаш е посветен на верата. Оној што просто е верник, сѐ уште не е ученик и апостол. Впрочем, можно е, според животот и неговото созерцание, и верникот да се издигне до чинот и достоинството на ученик, а ученикот да се издигне до чинот и достоинството на апостол.

Свети Максим Исповедник