Верувам во Бог кој ме надминува, Кoј е несфатлив и парадоксален и добро е што не Го разбирам, зашто само тогаш е вистинит. Дa можев да го разберам, тој не би бил Бог. Тој тогаш би бил идол на мојот ум и фантазија, идол на моите зборови.
Верувам во Бог, кој е невидлив, но видлив во мене. Нема уста, но зборува толку јасно во мојот живот. Нема раце, но кога ќе ме прегрне се чувствувам среќно. Тој е дух, ја исполнува секоја клетка на моето тело. Бидејќи, Тој ја создаде и душата и моето тело. И ме сака целиот.
Верувам во Оној за кој некогаш ми се чини дека не постои. Кој ми дозволува да се расправам со него. Додека заминувам, брза да ме пронајде и да ме врати дома. Додека јас не верувам во Него, Тој инсистира да верува во мене.
Не треба да го пронајдам со разумот, туку да го видам со срцето. Ова не е гледање со очи, туку чувство на постоење.
Месеците и годините поминати во учење и размислување нема да ве запознаат со Него. Солзите, молитвата, безнадежноста, крикот: „Каде си, Господе? Дојди.“ Може да го исполнат вашето битие со неговото присуство.
Мојата лична агонија прекинува кога ќе кажам: „Нека биде волјата твоја“. Ми ги ослободува мислите, ми ги потиснува во умот и срцето потребите да се контролирам, да одредам и да предодредам.
Уверен сум дека не знам ништо, а Тој знае многу подобро од мене. Јас му верувам. Ја прекинувам цврстината на моето его, контролата над сите и над сѐ, учам да губам разум и да победувам во срцето. Си дозволувам себеси да го чувствувам она што не можам да го кажам…
О. Пападопулос