Во манастирот Пресвета Богородица Елеуса во тек се конзерваторските работи, дел од опширниот проект за целосна конзервација на фрескоживописот во манастирот, конзервација на надворешната фасада, интервенции на кровот и конзервација на мозаикот.

Грантот во висина од 100 илјади долари го доби Завод и музеј Струмица за реставрација и зачувување на црквата и нејзините фрески што е дел од постојаната програма на Стејт Департментот на САД, познат под името Амбасадорски фонд за културна заштита.