Литургијата на претходноосветени дарови може да биде означена, без претерување, како срце и центар на богослужението во Великиот пост. Во некои древни богослужбени ракописи таа се нарекува „Литургија на Големата четириесетница“. Всушност, оваа богослужба најдобро го опишува ова свештено време во годината.
Од сите литургиски правила поврзани со Великиот пост, едно е од одлучувачко значење за негово разбирање. Бидејќи е специфично за Православието, тоа на повеќе начини го претставува клучот за правилното разбирање на православната литургиска традиција.
Станува збор за правилото со кое се забранува служење на Света литургија во текот на неделите од Великиот пост. Јасно е наведено: Света литургија не може под никакви околности да се служи од понеделник до петок за време на постот, со еден исклучок, а тоа е на празникот Благовештение, доколку се падне во овие делнични денови. Во среда и во петок е предвидено да се служи посебна вечерна богослужба со причестување. Таквата служба се нарекува Литургија на претходноосветените дарови.
Повеќе погледнете во видеото.