Вниманието треба да биде неразделно сврзано со молитвата, како што неразделно е поврзано и телото со душата. Вниманието, како некаков стражар, треба да стои будно или пред или зад непријателите.

Вниманието првично треба да влезе пред непријателот, и да почне да се бори со гревовите и да им се спротивставува на лошите помисли, кои навлегуваат во душата. Веднаш по вниманието нека следи молитвата, која ефикасно ќе ги избие сите лоши помисли, со кои претходно осамено се борело вниманието, зашто тоа самото нема да може да ги уништи.

Од оваа борба на вниманието и молитвата со лошите помисли зависат и смртта и животот на душата.

Ако со внимание ја пазиме чистата молитва – тогаш успеваме, а ако преку вниманието не ја запазуваме чиста нашата молитва, туку ја напуштаме и запоставуваме, па таа почнува да се осквернува од лошите помисли, тогаш ќе бидеме неуспешни и победени.

Свети Симеон Нов Богослов