Врие вулканот на неодговорените прашања. Едно дете навлезено во пубертет се дере, вика, затоа што прашањата кои ги има висат во воздух, остануваат неодговорени.
Децата сакаат вистински и јасни одговори, а не половични муабети. Одговори во смисла „Зашто така треба“, „Затоа што така кажува свештеникот и Црквата“ се незадоволителни. Детето во пубертет се концентрира да најде одговори за прашањата кои излегуваат на површината, а се однесуваат на сѐ и сешто. Од телото до душата, одат од најдлабоки прашања за животот па се до наједноставните нешта.
Хируршки прецизниот приод е неопходен заедно со голема претпазливост, водени со искуство и љубов. Исто како кога би правеле кога би имале фатено лав кој треба да го ослободиме од оковите за да си оди по неговиот пат.
Младите имаат празнини во себе, ја читаат книгата на животот од која недостасуваат страници. Кога решивме да откинеме неколку страници, на тој начин ја повредивме нивната. Тргнавме да ги подучуваме децата, но многупати тие нас нѐ поучуваат со своите прашања, ставајќи нѐ во ќорсокаци.
Едно дете, во денешно време, има потреба од некого кому може да се довери. Има потреба од вистина на секое нивно прашање. Прашањата да добијат сеопфатни одговори. Младите се чувствуваат напуштени, танцуваат со страстите и стануваат нивни плен, затоа што кога сакаат да поразговараат со нас, ние имаме работа, имаме своја занимација. Затоа ним раната продолжува да им крвави. Ранетиот ќе почине и после тоа прашањатo „Зошто?“ ќе нè каса како отровна змија.
Родител со големо „Р“ е тој кој станува огледало на светоста за плодот на неговата љубов, на патот на искуството, автентичноста и освестувањето.
Да најдеме време за нашите деца. Да не застануваме ниту пред нив, ниту зад нив, туку до нив. Да бидеме нивните сопатници по патот кои сами ќе го изодат со Христос како свој водач. Таму да присуствуваме и ние.
Да ги сакаме нашите деца како таткото од приказната за блудниот син. Да им дадеме љубов која е „долготрпелива, полна со добрина“, љубов која „не завидува, (.) не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло, на неправдата не се радува, а на вистина се радува, сè извинува, во сè верува, на сè се надева, сè претрпува.“ (1. Кор. 13: 4 – 7)
Отец Спиридон Скутис