Најдобронамерно ви советувам, премногу да не тажите и да не се грижите, туку да се надевате на Промислата Божја: без Божјата волја ништо не може да се случи.

Овдешните несреќи треба великодушно да ги поднесеме, оти тие на небото ни ја подготвуваат радоста. Оние кои што овде леат солзи, во идниот век ќе ожнеат радост. Нашиот живот нема да заврши тука, туку ќе продолжи и во идниот век.

Кога некој некому овде му нанел навреда, во идниот живот за тоа Бог ќе му наплати, а оној што ќе ја истрпи навредата, тој вечно, во слава, со Бога ќе се радува.

Многу жалам за вашата несреќна положба. Ве советувам, целата своја тага на Господа Бога да му ја положите. Имајте храброст, трпение и надеж во Неговата Света промисла. Тој, во овој привремен живот ви ги допушта несреќите и ве подготвува за идната радост, која никогаш нема да заврши: преку многу таги треба да влеземе во Царството Небесно: нив истрпете ги, за вечно да се радувате со Него. Го молам Бога, да ви помогне во тагите и неволјите!

Старец Амфилохиј Ростовски